Бразилецот Нејмар го повреди глуждот на десната нога и со плачење го напушти теренот во 62-рата минута на дуелот со Стразбур од Купот на Франција. Парижаните победија со 2-0 и се пласираа во осминафиналето, но платија прескапа цена бидејќи можеби подолго време ќе бидат без својата главна и најскапо платена ѕвезда.
Повредата на Нејмар доаѓа на три недели пред првиот дуел од осминафиналниот двобој со Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите. Англичаните се во форма и ако ПСЖ биде без Нејмар, тоа ќе биде голем хендикеп за тимот кој доминира во францускиот фудбал.
„Загрижен сум. Повредата е на истото стапало и истата коска која на Нејмар му беше оперирана лани“, рече тренерот Томас Тухел, кој против Јунајтед нема да смета на Марко Верати.
Ова е клипот кој навивачите на ПСЖ не сакаат да го гледаат: