Девојката од Хрватска која беше прогласена за најзгодна навивачка на Светското првенство во Катар, Ивана Кнол, вели дека не е заинтересирана за љубовна врска со фудбалер.
Според неа, фудбалерите се интересирале самоза нејзиниот изглед и тело, а не и внатрешната убавина.
„Многу фудбалери ми имаат праќано пораки, не само хрватски, туку и странски. Никого не сум сакала да го запознаам лично бидејќи знам дека ги интересираат само мојот изглед и тело. Не си барав маж во Катар, само сакав да извлечам насмевки од луѓето“, вели Ивана.