Техничкиот директор на Јени Малатијаспор, Јилмаз Вурал, во емисија во живо на турска телевизија потврди дека голманот Ахмед Ејуп Туркаслан е една од жртвите во стравичниот земјотрес што ја погоди земјата и ја расплака водителката.
Дидем Арслан Јилмас, воделката на специјалната емисија на телевизијата Шоу посветена на земјотресот во Турција, прво се фати за главата, потоа ги симна очилата и со солзи во очите слушаше што зборуваше директорот на Јени Малатијаспор.
Источниот дел од Турција во ноќта помеѓу неделата и понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, а денеска беа регистрирани уште два земјотреси со 6,7 и 5,4 степени. Досега е потврдено дека животот го загубиле 6.300 лица, а турските власите стравуваат дека бројката може да се искачи и до 15.000 жртви.