Денеска на Светското првенство во алпски скијање треба да се одржи трка во Супер-џи за мажи, а скијачкиот свет остана без некогашната освојувачка на сребрен медал во спуст, Елена Фанкини.
Една од трите сестри Фанкини почина на 37-годишна возраст. Таа извесен период беше тешко болна и, за жал, прерано ја загуби битката со туморот.
Фанкини во 2005 година на СП во Бормио освои сребрен медал во спуст, брзите дисциплини беа нејзина посилна страна, а последната трка од Светскиот куп ја имаше во декември 2017 година.