Ѓаволски поттик за Суперлигата, на стандардното трио ќе им се приклучи и Манчестер јунајтед?

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона ги истрпеа сите удари во обидот да ја формираат Суперлигата на Европа и засега успеваат да ги добијат жестоките битки со УЕФА, откако добија и на суд, а сега ќе имаат и нов ветар в грб.

Најавеное дека Манчестер јунајтед како прва англиска екипа ќе се приклучи кон проектот, а тоа треба да се објави веднаш по најавениот трансфер на власта кај Црвените Ѓаволи.

Семејството Глејзер го продава клубот, заинтересирани се Катарците предводени од семејството Ал Тани, кои имаат акции и во ПСЖ и најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, а се очекува да дадат зелено светло за проектот Суперлига, без разлика кој ќе биде нов газда на гигантот.

Во првиот обид што пропадна за само 48 часа Суперлигата ја формираа 12 клуба, дури шест од нив од Англија.

Во стартниот состав беа Манчестер јунајтед и Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Тотенхем, Јувентус, Интер, Милан, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Сега се планира поширок зафат и учество на дури 80 клуба поделени во две дивизии и во групи за промоција во прв ранг и за опстанок и на група што ќе игра за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести