Капитенот на Турција последниот меч го одигра против Македонија, а сега со малиот син и трудната жена уште ги бараат под урнатините од земјотресот

Луѓето кои по повеќе од 100 часа поминати под урнатините на здрадите во турција, дава надеж дека чуда се случуваат, но како поминува времето, таа надеж е се помала. Многу спортски судбини донесе разорниот земјотрес, а една од тие судбини дели и Кемал Кутахја.

Кемал е капитенот на турската ракометна репрезентација, кој заедно со својата трудна жена и малото синче биле во една од илјадниците згради кои се срушија во градот Хатај. Кутахја настапува за тимот на Хатај метрополитан, а ова е еден од најпогодените градови од земјотресите кои имаа сила од преку 7,5 степени според Рихтер.

„Уште од првите часови кога се случи земјотресот, им посочивме на властите дека таму се наоѓа капитенот на нашиот национален тим заедно со неговото семејство. Условите за спасување се многу тешки, но ние се надеваме дека ќе слушнеме добри вести“, вели претседателот на турскиот ракометен сојуз, Угур Килич.

Последниот меч во дресот на националниот тим на Турција, Кутахја го одигра токму против Македонија. Тоа беше во октомври минатата година, во дуел од квалификациите за Европското првенство 2024 година, а Македонија победи убедливо со 36:27.

- Оглас -

Најнови вести