Баерн лесно стигна до нови три бода, Борусија Дортмунд во чекор го следи шампионот

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ја продолжуваат трката за шампионската титула во Бундеслигата, откако двата фаворити победија во мечевите од 20-тото коло. На „Алијанц Арената“, Баерн пред крајот на првото полувреме го скрши отпорот на Бохум и со голот на искусниот Томас Милер стигна до водство од 1:0.

Сите дилеми беа решени која Коман погоди за 2:0 и тоа само четири минути откако влезе во игра во вториот дел. Во листата на стрелци се запиша и Гнабри и тоа од пенал во 73 минута. Со оваа победа, Баерн стигна до 43 бодови и останува лидер на табелата.

Борусија Дортмунд стигна до петата победа по ред, откако со 2:0 победи кај Вердер Бремен. Милионерите доминираа на теренот, а тоа го „зачинија“ со погодок во 67 минута кога поведоа со 1:0. Да нема неизвесност во финишот се погрижи Брандт кој погоди за 2:0 во 85 минута.

Фрајбург кој е последен во низата од шест екипи кои реално уште имаат шанси за титулата, со пресврт на домашен терен го победи Штутгарт. Гостите водеа на полувреме со 1:0, но Фрајбрг во вториот дел постигна два гола, доволно за радост од 2:1. Со оваа победа Фрајбург сега има 37 бодови и е на четвртото место на табелата.

Ефикасно беше и на останатите два меча кои се играа попладнево. Баер Леверкузен со 3:1 победи на гости кај Хофенхајм, а со 3:1 славеше и Мајнц, но на домашен терен против Аугзбург.

 

- Оглас -

Најнови вести