Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, после првата победа на официјален меч после пауза од безмалку десет години, вечерва има нов предизвик, дома во „СРЦ Кале“ во Скопје од 18 часот да даде што е можно посилен отпор против Белгија, која е лидер во групата од квалификациите за ЕП 2023.
Во ноември, Македонија загуби од Белгија со 41-112, но сега ситуацијата е сменета, екипата на селекторот Александар Ашаданов е во победничка еуфорија и покомплетна, иако немаме натурализирана кошаркарка во составот.
Во обложувалниците Sport Life, може да се обложите со колкава разлика Македонија ќе загуби од Белгија (основната граница е 42.5 поени разлика), може да погодувате и колку поени ќе се постигнат на натпреварот, и колку поени ќе даде секој тим посебно (кај Македонија границата е 48 поени).
Влезот во салата е слободен, добредојдени се сите љубители на спортот.