Чави не сака „да лета во облаци“ и предупреди дека ништо не е готово

Барселона со 1:0 славеше на гости кај Вилјареал и ја продолжи победничката низа во шпанското првенство. За каталонскиот гигант ова е четврта победа со минимални 1:0 во последните шест кола и дури седма победа со овој резултат само по 21 коло во Примера дивисион. Ова се случува првпат во клупската историја Барселона да има толку многу натпревари со победи од 1:0, но токму тие резултати ѝ ја донесоа убедливата предност на табелата.

Каталонскиот гигант има 56 бода, дури 11 повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид, кој има и меч помалку (треба да игра против Елче). Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е задоволен, но предупредува дека воопшто не е завршена трката за титулата.

„Дали ова е недостижна предност во трката за титулата? Никако. Има уште многу натпревари да се играат. Среќни сме што сме во добра форма и играме добро“, рече Чави по победата над Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести