Францускиот првак Пари Сен Жермен претрпе два пораза само во неколку дена, што ја наруши атмосферата во екипата, а и навивачите на Светците им беа многу лути на фудбалерите. Според некои информации, по поразот на гостувањето кај Монако со 3:1, во соблекувалната на ПСЖ се случил инцидент.
Нејмар бил многу лут, почнал да ги кара своите соиграчи, а кулминацијата била со физички конфликт со спортскиот директор Луис Кампос, пренесува добро информираниот „РМС Спорт“.
Овие конфликти во ПСЖ доаѓаат во најлош можен момент затоа што Светците утре играат против Баерн Минхен во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Покрај лошите вест околку атмосферата во екипата, добра вест е тоа што Лионел Меси и Килијан Мбапе, кои беа повредени и не играа против Монако, за утре би требало да се подготвени и да настапат против Баерн Минхен.