Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, е заинтересиран да го купи англискиот премиерлигаш Манчестер јунјатед, пишува „Дејли мејл“.
Според весникот, Маск ја разгледува опцијата дали влегувањето во трката за купување на Манчестер јунајтед би бил добар потег откако неодамна го купи „Твитер“ дури за 48 милијарди долари. Наводно, првичната понуда би изнесувала 4,5 милијарди, но прашање е дали би била прифатена.
Elon Musk has previously joked about buying Manchester United amid reports he is now genuinely interested #mufc https://t.co/44DYEyhcQr
— Man United News (@ManUtdMEN) February 13, 2023
Актуелниот сопственик на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, ја започна процедурата за продавање на Црвените ѓаволи, а првите понуди се очекуваат неделава. Сумата која би ги задоволила нивните апетити е 6 милијарди фунти.
Освен основачот на автомобилскиот гигант „Тесла“, интерес за купување на Манчестер јунајтед пројави и емирот на Катар, кој исто така планира да достави понуда тешка 4,5 милијарди долари, како и најбогатиот Британец, сер Џим Ретклиф.