Стативата го спаси Ливерпул, па во молскавична контра Салах ги казни Карамелите (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул водат со 1:0 по првото полувреме во градското дерби „Мерсисајд“ против Евертон, што се игра во рамките на 23-тото коло од Премиер лигата.

Иако имаа поголем посед на топката, Црвените не направија многу шанси, а откако стативата ги спаси, во следната акција постигнаа гол.

https://twitter.com/i/status/1625233130364841984

Во 36-тата минута, играчот на Евертон, Џејмс Тарковски, беше највисок во скокот по корнерот, но ја погоди левата статива.

Играчите на Ливерпул направија молскавичен контранапад, Дарвин Нуњез го проигра Мохамед Салах, кој смирено успеа да го совлада Пикфорд за 1:0, резултат по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести