ПСЖ во стартниот тим против Баерн ќе игра со 16-годишник!?

Пари Сен Жермен вечерва на „Паркот на принцовите“ ќе игра против Баерн Минхен во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите. Францускиот првак во овој дуел влегува по два порази во низа (еден во Купот на Франција и еден во првенството) и домашните фудбалери се под притисок од јавноста дека мора да победат.

Во двата меча на кои ПСЖ загуби, во тимот го немаше повредениот Килијан Мбапе, а на еден дуел фалеше и Лионел Меси. Сега се очекува овие двајца да играат против Баерн, но постои дилема дали се подготвени 100 отсто.

Некои најави се дека во стартниот тим на ПСЖ може да биде Варен Заир-Емери. Тоа е талентираниот 16-годишен фудбалер, кој сезонава веќе одигра 14 натпревари за Светците и постигнал два гола. Заир-Емери е јуниорски репрезентативец на Франција.

Денешното дерби од ЛШ го има како Специјален сингл во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести