Кристијано Роналдо веќе две децении е во центарот на фудбалскиот свет. Португалецот пред два месеца направи трансфер во Ал-Наср во Саудиска Арабија, но и покрај неговото заминување од Европа, останува да биде еден од најпопуларните играчи во светот.
Според договорот кој е потпишан на две и пол години, Роналдо ќе добие вкупно 500 милиони евра, а за оваа сума Португалецот решил да се ангажира во целиот проект на клубот, а не само за првиот тим на Ал-Наср. По доаѓањето, Роналдо се вклучил во работата на женската екипа на Ал-Наср, а тоа даде одличен резултат. Ал-Наср ја освои шампионската титула во женска конкуренција за прв пат во нивната историја.
صباح الخير✨ pic.twitter.com/y6EIFNNaI9
— سيدات النصر (@AlnassrWomen) February 13, 2023
Од женскиот тим на Ал-Наср потенцираат дека доаѓањето на Роналдо во клубот била дополнителна мотивација за девојките да бидат најдобри. Роналдо често знаел да се појави на нивните тренинзи и да им даде совети.
„Тајната за освојување на првенството се вика Кристијано Роналдо. Тој постојано доаѓаше на тренинзите и разговараше со фудбалерките. Тоа многу ни помогна“, рече еден од тренерите на Ал-Наср.
https://twitter.com/i/status/1621123773729574912
За освојување на титулата, фудбалерките на Ал-Наср ќе заработат премија од 370.000 долари од Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, а сигурно ќе добијат бонуси и од челниците на клубот.