Со натпреварите меѓу ПСЖ – Баерн и Милан – Тотенхем, започнува нокаут-фазата во Лигата на шампионите и токму дуелот што ќе се игра на „Паркот на принцовите“ ќе биде дерби на осминафиналето во елитното натпреварување.
Тренерите веќе ги одредија почетните состави и вистинско изненадување претставува одлуката на стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, да го остави Килиан Мбапе на клупата за резервни играчи. Нападот на ПСЖ ќе го предводат Лионел Меси и Нејмар, а изненадување е и Заир-Емери, кој влета во првиот тим токму на местото на Мбапе.
Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, одлучи да игра со тројца стопери во одбраната, а во тимот е и јануарското засилување од Манчестер сити, Жоао Кансело.
ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Рамос, Мендеш, Данило, Верати, Солер, Заир-Емери, Меси, Нејмар.
БАЕРН: Зомер, Павар, Упамекано, Де Лихт, Кансело, Кимих, Горецка, Коман, Сане, Мусијала, Чупо-Мотинг.
На „Сан Сиро“ ќе се сретнат Милан и Тотенхен, а тренерите на двете екипи се одлучија за следните играчи:
МИЛАН: Татарушану, Кјаер, Калулу, Тиав, Ернандес, Салемакерс, Тонали, Круниќ, Дијас, Леао, Жиру.
ТОТЕНХЕМ: Форстер, Емерсон, Ромеро, Дајер, Ленгле, Скип, Сар, Перишиќ, Кулушевски, Сон, Кејн.