Фудбалерите на ПСЖ загубија со 0:1 од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар во ЛШ, а поради неколку сантиметри им беше поништен гол кој ќе ги спасеше од пораз.
Откако Кингсли Коман погоди во 53-тата минута, Светците тргнаа офанзивно кон голот на Јан Зомер и во финишот успеаја да постигнат два гола преку Килијан Мбапе, кои судијата ги поништи поради офсајд.
Првиот во 74-тата минута беше чист офсајд, но вториот, кој Мбапе го даде во 82-рата минута, сантиметри одлучуваа дали ќе биде признаен или поништен. На крајот, ВАР-технологијата покажа колку може да биде сурова.
The official VAR image of Mbappe's disallowed goal. pic.twitter.com/HMvTcikkiZ
— BRGoals (@GTVWorld) February 14, 2023
Нуно Мендеш, кој по левата страна доби топка од Нејмар, која потоа ја уфрли во петерецот на Баерн, каде што Мбапе постигна гол, бил во пасивен офсајд. Судијата Мајкл Оливер се консултираше со ВАР-собата, од каде што му беше кажано дека коленото на Мендеш било неколку сантиметри во офсајд кога ја примил топката.