Баерн му го потпиша отказот на Галтие, Светците веќе преговараат со легендарниот Французин

Легендарниот француски фудбалер и успешен тренер Зинедин Зидан би можело да седне на клупата на ПСЖ доколку Кристоф Галтие добие отказ.

Француските медиуми по поразот на ПСЖ од Баерн Минхен со 0:1 пишуваат дека Галтие сигурно ќе добие отказ доколку Светците бидат елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Галтие нема никакво влијание во соблекувалната на ПСЖ. Клубот се наоѓа во криза, а Галтие не може да ги контролира големите ѕвезди. Челниците на ПСЖ веќе бараат замена за Галтие бидејќи тој човек не може да биде доминантен во соблекувалната“, тврди новинарот Едуардо Инда.

Новинарот смета дека најверојатно Зидан ќе биде наследникот на Галтие и дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, имал тајни преговори со легендарниот фудбалер и тренер кој со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите.

„Челиците на ПСЖ одамна преговараат со Зидан. Можно е Галтие да биде сменет ако ПСЖ биде елиминиран во Лигата на шампионите, и тоа со Зидан“, додава Инда.

Француските медиуми исто така пишуваат и дека Зидан веќе неколку пати ја одбил понудата да седне на клупата на ПСЖ бидејќи се надевал дека ќе биде нов селектор на Франција. Но, откако Дидие Дешан доби нов договор и ќе ја води репрезентацијата до СП 2026 година, Зидан најави враќање во клупскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести