Се наѕираат неколку фаворити од мнозинството играчи на Спортска прогноза

Иако останаа уште два дена за типување, над 1.000 играчи на Спортска прогноза веќе се изјаснија и ги дадоа своите прогнози за паровите од 19-тото коло на популарната бесплатна игра.

Според досега направените типувања, главни фаворити се Марсеј против Тулуз, Атлетико Мадрид против Атлетик Билбао и Евертон против Лидс, а над 70 отсто очекуваат победа и на Сампдорија против Болоња.

За дерби-мечот од Премиер лигата, Њукасл – Ливерпул, засега 44,3 отсто типувале двојка, иако Чавките се подобри на табелата и имаат само еден пораз сезонава.

За перфектно прогнозирање, односно погодени 13 меча од основната понуда, се одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За 12 натпревари се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени средби тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести