Поддршката за Барселона од Македонците нема да изостане ни вечерва (Фото)

Натпреварот Барселона – Манчестер јунајтед од Лигата на Европа, кој вечерва од 18.45 часот се игра на „Камп ноу“, привлекува внимание на многу љубители на фудбалот, а спортските фанатици како струмичанецот кој живее во Германија, Наце Митев, не ја пропуштаат приликата и во живо да го гледаат мегадербито во ЛЕ.

Наце и уште неколку Македонци кои навиваат за Барселона се јавија од Каталонија и ќе бидат присутни на најголемиот стадион во Европа, каде што нивниот миленик ќе игра со тимот против кој играа финале на Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести