Моќна кореографија на навивачите на Трабзонспор со која ги освоија срцата на фудбалските фанови (Видео)

Навивачите на Трабзон со емотивна и моќна порака им оддадоа почит на хероите во Турција кои поминаа денови копајќи низ урнатините по ужасниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 36.000 луѓе.

Пожарникарите и спасувачките екипи од целиот свет со денови копаат низ урнатините во потрага по преживеани од стравичниот земјотрес кој минатата недела ја погоди Турција и спасија многу животи, а се забележани и вистински чуда бидејќи новородени бебиња преживеале и по неколку дена под урнатините.

Токму таква емотивна сцена, на пожарникар кој држи спасено бебе, беше кореографијата на навивачите на Трабзонспор, со која ги освоија срцата на сите фанови.

Исто така на кореографијата има и рака која излегува од урнатините и држи турско знаме, а под кореографијата стоеше порака.
„Секогаш ќе бидеме заедно, ќе си ги лечиме раните“.

 

- Оглас -

Најнови вести