Екипата на Партизан славеше со 0:1 на гостувањето во Тираспол кај Шериф во првиот натпревар од нокаут-фазата во Конференциската лига.
Црно-белите славеа со голот на Рикардо во последната минута од првиот дел, а предноста успеаја да ја зачуваат до крајот иако 40 минути играа со играч помалку. Во 50-тата минута, Игор Вујачиќ заработи директен црвен картон, но и покрај тоа, фудбалерите на Шериф не успеаја да дојдат до израмнување.
Rikardo za pobedu i odličan rezultat pred revanš u Beogradu!
Svi na JNA u četvrtak! pic.twitter.com/wYjgaT9mBy
— Retro Partizan (@PartizanRetro) February 16, 2023
Оваа победа на Партизан доаѓа само пет дена откако во српското првенство го доживеа најубедливиот пораз на домашен терен во последните пет децении. Црно-белите загубија со 0:4 од Младост ГАТ.
Лацио иако од 17-тата минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Патрик, успеа да го победи Клуж со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Чиро Имобиле.
Предноста на домашен терен ја искористија и АЕК Ларнака и Лудогорец да остварат минимални победи. АЕК со 1:0 го совлада Днипро-1, и тоа со голот на Гарсија постигнат во 84-тата минута.
На бугарскиот Лудогорец доволен му беше голот на Игор Тијаго во деветтата минута за да слави со 1:0 против Андерлехт.