Денеска се играат полуфиналните натпревари во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, а фаворитите според обложувалниците имаат идентични квоти да се најдат во полуфиналето, 1.37.
Во првото полуфинале од завршницата на Купот се игра од 17 часот и во него се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ, додека од 19.30 часот играат Феникс 2010 и Пелистер.
Скопската полуфинална пресметка ќе претставува и реприза од минагодинешното финале кое им припадна на кошаркарките на ТФТ со што го освоија првиот трофеј во клупската историја.
Квотите се на страната на шампионот кој рутински ја завршија работата во четвртфиналето против Кожув (80:68), но за конечниот исход ќе се прашуваат и кошаркарите на Боро Смилковски, кои во последното четвртфинале го совладаа Работнички со 78:73.
Тренерот на ТФТ, Смилковски, по мечот изјави дека посакува победа над двата вечни ривали и во финалето да се сретне со Пелистер.
Во второто полуфинале ќе играат Феникс 2010 година кој во четвртфиналето во неизвесна завршница го совлада Гостивар со 72:70, додека Пелистер со 79:70 го совлада Еуро Никел.