Судбината си поиграла со Атсу: Неколку часа пред земјотресот требало да замине за Франција, но тогаш постигна гол и се премислил

И по 12 дена од катастрофалниот земјотрес во Турција, продолжува трагањето по Кристијан Атсу, фудбалерот на екипата на Хатај. Репрезентативецот на Гана, живееше во една од многуте згради кои се срушија во првито земјотрес кој имаше силина од 7,8 степени според Рихтер.

Неколку часа пред да биде земјотресот, Атсу играше за Хатај и постигна гол од слободен удар во 97 минута со кој неговата екипа славеше со 1:0. Радоста која беше тогаш присутна, за само неколку часа се претвори во трагедија.

Да биде уште пожално, Атсу планирал да се врати во Франција и тоа вечерта пред земјотресот, но во последен момент се предомислил.

„Атсу имаше разговори со тренерот и бараше слободни денови по натпреварот против Газиантеп. Тој сакаше да го напушти клубот доколку најде нов тим, а неговото барање беше прифатено. Не играше против Газиантеп. Требаше да замине во Франција кај семејството, но кога одигра добро и постигна гол на следниот натпревар против Касимпаша, го откажа авионскиот билет. Земјотресот се случи по неколку часа. Имаше лет во 23 часот, но го откажа летот, а потоа земјотресот се случи во 4 часот наутро, трагедија“, открива извршниот директор на Хатајспор, Фатих Илек.

 

- Оглас -

Најнови вести