Челзи го плати 18 милиони евра, а фудбалерот не доби работна дозвола во Англија

Андреј Сантос минатиот месец пристигна во Лондон и потпиша за Челзи. Англискиот премиерлигаш плати дури 18 милиони евра за да го доведе талентираниот 18-годишен играч од Васко де Гама. Сепак, Бразилецот нема да може да дебитира за Челзи, откако не му беше одобрена работна дозвола во Англија. Тоа значи дека тинејџерот нема да може да игра фудбал никаде на Островото.

Причина поради која не доби дозвола за работа во Англија е тоа што Сантос нема одиграно доволен број настапи во националниот тим во изминатите 12 месеци. Тој беше дел од селекцијата до 20 години, но тие настапи не се сметаат за релевантни при добивањето на работна дозвола во Англија.

Челзи се обиде да добие специјална дозвола која се дава на врвните таленти, но и тоа било неуспешно, па младиот играч за врска нема да заигра на „Стемфорд Бриџ“. најавите се дека Сантос може повторно да биде вратен во Бразил и тоа во тимот на Палмеирас.

 

- Оглас -

Најнови вести