Голот кој донесе толку многу радост на навивачите во градот, го предомисли да остане, па неколку часа подоцна загина

Повеќе од 12 дена траеше потрагата по Кристијан Атсу, фудбалерот на Хатајспор, а утрово пристинаа најлошите можни вести. Репрезентативецот на Гана е пронајден мртов под урнатините на зградата во која што живеел. Атсу имаше само 31 година.

Само неколку часа пред земјотресот, Атсу беше фудбалерот кој донесе многу радост за навивачите во градот Хатај. Тој беше стрелец на единствениот погодок во дуелот против Касимпаша, во турското првенство. Хатајспор се бореше за спас од испаѓање и оваа победа над Касимпаша беше прославена еуфорично и сите беа среќни.

Атсу погоди од слободен удар во 97 минута, односно неколку секунди пред судијата да отсвири крај на мечот. Токму тој погодок бил причината поради која фудбалерот решил да остане во Хатај уште некој период, иако има авионски билет за враќање во Франција и тоа вечерта пред да се случи катастрофалниот земјотрес.

Среќен затоа што постигна гол, Атсу го одложува патувањето за Франција, а потоа се случува трагедијата.

„Требаше да замине во Франција каде што му беше семејството. Но, кога одигра добро и постигна гол против Касимпаша, го откажа авионскиот билет и реши да остане. Земјотресот се случи неколку часа подоцна“, раскажува за лошата судбина на Атсу, директорот на Хатајспор, Фатих Илек.

- Оглас -

Најнови вести