Адријано роденденот го прослави со згодна девојка, сопругата му порача да ѝ прати документи за развод

Поранешниот бразилски репрезентативец Адријано, својот 41-ви роденден го прослави со црвенокоса девојка наместо со сопругата која поради тоа јавно му порача да му испрати документи за развод.

Адријано кој иако имаше предиспозиции да стане еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња, не можеше да им одолее на ноќниот живот, алкохолот, дрогата и поради тоа си ја упропасти кариерата.

Тој минатиот ноември стапи во брак со Микаела Мескита кој се чини дека наскоро ќе заврши. Тој за време на вчерашната прослава на 41-виот роденден го прослави во друштво на црвенокосата убавица, Ракела Бастос.

Тие се фотографираа заедно на брод, а откако фотографијата се појави на социјалните мрежи, неговата сопруга му порача да и испрати документи за развод.

„Ох, колку убаво. Ти ја посакувам целата среќа на светот. Адријано, испрати ми ги документите за развод“, напиша Микаела на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести