Нејмар не го интересира Лондон, останува во Париз

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, засега нема намера да го напушта францускиот тим, иако се наоѓа на мета на критики и од јавноста, и од навивачите и од соиграчите, пишува „Лекип“.

Бразилецот има договор до ПСЖ до 2027 година и нема намера да си оди од Париз, иако сериозен интерес за него пројави Челси.

Сопственикот на Сините, Тод Боли, веќе одржа неколку средби со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, и подготви 60 милиони евра за Нејмар, но најверојатно нема да има ништо од трансферот.

- Оглас -

Најнови вести