Поразот од последнопласираниот тим во Премиер лигата, Саутемптон, Греем Потер ги потроши сити кредити и го натера сопственикот на Челси, Тод Боли, да ја започне потрагата по нов менаџер, а англиските медиуми шпекулираат дека на неговиот список се наоѓаат четири имиња.
Сепак, едно име речиси сигурно ќе отпадне од списокот, тоа е Зинедин Зидан.
Зидан од 2021 година е без ангажман, откако со Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига, но иако пред неколку дена најави дека сака да се врати на тренерските активности, тој гледа кој Париз и Торино.
Зидан се надеваше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата на Франција, но пласманот во финалето на СП што се одржа во Катар, му донесе нов договор на актуелниот селектор Дидие Дешан. Сериозен интерес за ангажирање на Зидан пројавува ПСЖ, првиот човек на Светците веќе одржал неколку состаноци со Французинот и можно е тој наскоро да го замени Кристоф Галтие.
Исто така предност пред Сините има и Јувентус, тимот во кој помина дел од неговата играчка кариера.
Луис Енрике во минатото се поврзуваше со клупата на Челзи, но одлучи да остане во Шпанија. Тој по заминувањето од Барселона, го одби Челзи и стана селектор на Шпанија, а откако во декември минатата година си замина од клупата на Фуријата, неговото име повторно се поврзува со Сините.
Англиските медиуми на кратката листа на сопственикот Тод Боли, го гледаат името на Диего Симеоне кој најави заминување од Атлетико Мадрид на крајот од сезоната.
Последно име кое се поврзува со Челзи е тоа на Маурисио Покетино. Аргентинецот шест години во водеше Тотенхем, по што замина во ПСЖ каде не се прослави и од минатото лето е без ангажман.
Според медиумите, актуелниот менаџер, Греем Потер, ќе има уште една шанса да ја спаси работата, мора да ја победи Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Доколку успее да се најде меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување, тогаш Потер би добил отказ на крајот од сезоната.