ПСЖ водеше 2-0, па губеше 2-3, на крај победи, Мбапе збесна, Меси јунак, Нејмар изнесен на носилки (Видео)

Пари Сен Жермен и Лил одиграа супер интересен меч кој заврши со победа на домашните од 4-3, но на виделина се појавија и многу негативни работи околу францускиот првак.

ПСЖ после само 17 минути игра водеше со 2-0, голови дадоа Килијан Мбапе и Нејмар, фалеше само уште тазе избричениот Лионел Меси да се приклучи на гол-шоуто, но работите брзо тргнаа во лош правец.

Лил намали на 1-2, резултат со кој се замина на пауза, а после неколку минути од второто полувреме се повреди Нејмар, кој на носила беше изнесен од стадионот. Светците како да беа во шок, па примија уште два гола и Лил поведе со 3-2. Мбапе израмни на 3-3 и ги поправи грешките на одбраната кон која имаше многу замерки, особено за третиот примен гол.

За тотално лудило и триумф на тимот кој делуваше загубено до неколку минути пред крајот, се погрижи Меси кој во 95-та минута од слободен удар даде гол вреден три бода.

https://twitter.com/i/status/1627335219660349440

- Оглас -

Најнови вести