Стигнаа првите информаци за повредата на Нејмар, можно ли е ова да има врска со роденденот на сестра му?

Во драматичен меч, Пари Сен Жермен со 4:3 го победи Лил, а херој на мечот е Лионел Меси кој погоди од слободен удар во 94 минута за победа. Ако Меси е херојот, Нејмар е играчот за кој овој дуел беше малерозен.

Бразилецот даде гол, а имаше и асистенција, но на почетокот на второто полувреме со носилки беше изненсен од теренот поради повреда. Драматично делуваше Нејмар на теренот, а од таборот на францускиот првак стигнаа првите информации околу тежината на повредата.

Добро е тоа што нема скршеница, но има истегнување на скочниот зглоб. Ова го откри магнетната резонанса која била направена веднаш по мечот. „За 48 часа ќе биде направена нова проценка на лигаментите“, стои во соопштението на ПСЖ.

По оваа повреда на Нејмар, голем дел од навивачите веднаш започнаа да се сомневаат околу тоа колку Бразилецот е повреден, затоа што се ближи роденденот на неговата сестра Рафаела. Нејмар има многу близо однос со Рафаела и во последните 10-тина години речиси секогаш е во родниот Бразил за нејзината роденденска забава.

Роденденот на Рафаела е на 11 март, односно за 20-тина дена, па многумина сметаат дека дијагнозата за повредата на Нејмар може да биде пауза од еден месец, таман за да може да замине во Бразил и да биде присутен на роденденот на неговата сестра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести