Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот ако ги одиграте на еден тикет заедно прават квота од 52,09.
Викендов започна и вториот дел од сезонава во данскиот шампионат, а колото го затвораат Виборг и Митјиланд. Домаќинот е благ фаворит против тимот кој игра во нокаут-фазата во Лигата на Европа и за играта Виборг да не загуби и да има најмалку еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 2,20.
Спортинг Лисабон иако игра на гости, е фаворит против Чавес, а доколку и на терен ја оправда фаворитската улога и притоа биде постигнат еден гол во второто полувреме, коефициентот изнесува 1,85.
Во Серија А, колото го затвораат Торино и последнопласираниот Кремонезе. Пласманот на табелата јасно кажува кој е фаворит на овој натпревар и за играта Торино да слави и да постигне најмалку два гола, квотата е 2,30.
Во Ла Лига играат два тима кои се борат за опстанок, Хетафе и Валенсија, и тука најдобро е да се одигра на голови. Квота од 2,65 се добива доколку се одигра да паднат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Последниот предлог е од португалскиот шампионат во кој Бенфика е апсолутен фаворит против Боависта. За Орлите да победат и притоа да постигнат најмалку три гола, квотата изнесува 2.10.