Фенербахче ја забележа 18-тата победа во 20-тото коло од Евролигата и вечерва убедливо го надигра Олимпијакос на домашен терен со 90:75.
Турскиот состав ги доби сите четири четвртини и на крајот славеше со разлика од 15 поени. Ерик Грин беше најефикасен кај домашниот состав со 17 поени и не утна ниту еднаш.
Никола Калиниќ имаше поен помалку зад лидерот на табелата во Евролигата. Кај Олимпијакос прв стрелец беше летонскиот репрезентативец Јанис Тима со 14 поени.
Олимпијакос остана на петтата позиција со 12 победи и 8 порази.