Македонија со 17-мина кошаркари ги започна подготовките за дуелите со Словачка и Норвешка

Машката сениорска репрезентација изутринава во салата на СРЦ „Кале“ ги стартуваше мини-подготовките за она што следува во оваа седмица, и тоа како важна, во која се закажани последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.

На 23 февруари, во Левицe, ѝ гостуваме на селекцијата на Словачка и три дена подоцна, во Осло, уште еден гостински натпревар, против репрезнтацијата на Норвешка.

Со оглед на краткиот временски период по завршувањето на Куп-неделата во најголемиот дел од европските земји, вклучително и кај нас, нашиот најдобар тим ќе одрбати само два тренинзи во својата „база“ во Скопје.

На првиот се појавија 17-мина кошаркари од поширокиот список на селекторот Алекандар Јончевски:

Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Филип Бакоч, Андреј Шошкиќ (Работнички), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Амар Хот (Феникс 2010), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Максим Митевски (Гостивар), Страхил Николов (ТФТ ).

Сениорите ќе работат и вечерва, од 18 часот, а наредниот ден, во вторник, од 10 часот (собирот е пред СЦ „Борис Трајковски“) е тргнувањето за Словачка.

- Оглас -

Најнови вести