Каков шок би било ова, Тухел се враќа на клупата на ПСЖ?!

Германецот Томас Тухел се спомнува како главен кандидат за нов тренер на Пари Сен Жермен откако викендов со мешањето на директорот Луис Кампос на клупата, стана јасно дека клубот нема доверба во тренерот Кристоф Галтие.

ПСЖ има јасна цел, да ја освои Лигата на шампионите, но им се заканува елиминација уште во осминафиналето, откако на првиот меч дома против Баерн загубија со 0-1, па ќе треба да се вадат во Минхен, и тоа без повредениот Нејмар. Реваншот е на 8 март и нема да биде чудо ако Галтие биде сменет пред тој клучен меч.

Тухел беше на клупата на Светците од 2018 до 2020 година, на 25 декември 2020 доби отказ, по што премина во Челзи и неколку месеци подоцна ја освои ЛШ. Тој е без работа од септември, кога беше избркан од Челзи, па ПСЖ сериозно смета да го врати во своите редови.

Наводно и Тухел има желба пак да биде тренер на ПСЖ, особено што во клубот веќе го нема директорот Леонардо, кој беше главен виновник за отказот на Тухел.

- Оглас -

Најнови вести