Лејсон Зеќири е дебитантот кој влезе во списокот од 12-мина кошаркари за мечевите против Словачка и Норвешка

Вториот и последен тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје го одреди и конечниот список на 12-темина кошаркари кои утре од 10 часот тргнуваат на пат за Словачка, поточно за Левице, каде што Македонија против Словачка ќе го игра натпреварот од петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Селекторот Јончевски се определи речиси за истиот состав што ги одигра последните два натпревара, оние против селекциите на Данска и на Норвешка, кои беа дел од ноемврискиот „прозорец“ нa ФИБA одиграни во Гевгелија.

Ново име во ростерот на „црвено-жолтите“ е кошаркарот на Сигал Приштина, Лејсон Зеќири.

Високото крило ќе ги чека своите први минути во сениорскиот национален тим на средбите со Словачка закажана за 23 февруари во Левице и против репрезентацијата на Норвешка, натпревар кој е предвидено да се игра на 26 ноември (недела) во Осло.

За решавачките средби од „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, селекторот Јончевски смета на следните кошаркари:

Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ).

- Оглас -

Најнови вести