Ливерпул и Реал Мадрид навреме излегоа од криза и ја кренаа својата форма, па вечерашниот меч од осминафиналето се очекува да биде интересен и неизвесен бидејќи ниту еден тим не е којзнае колку голем фаворит e на хартија.
Реал на последните шест пресметки против Ливерпул има пет победи, па традицијата е на страна на Шпанците, но според квотите за конечен тип во Sport Life, Црвените се благи фаворити.
Квотата за кец е 2.35, додека за двојка е 3.00.
Но, ако се погледнат квотите за играта кој од овие два тима ќе оди во четвртфинале, предност му се дава на Реал. Квотата дека Реал ќе излезе како победник од ова осминафинале е 1.75, додека за Ливерпул да го елиминира актуелниот европски првак коефициентот е 2.05.
Може да се обложите и на Ливерпул или Реал Мадрид дека ќе биде освојувач на Лигата на шампионите. Ако тоа го сторите до вечерва пред 21 часот, и за Ливерпул и за Реал добивате иста квота од 11.