На Еурофарм Пелистер многу му треба победата на гостувањето кај Фуксе Берлин од Европската лига на ЕХФ, но реалноста е нешто друго, германскиот тим е огромен фаворит, што се потврдува и преку квотите во обложувалниците Sport Life.
Македонскиот претставник во ноември на свој терен во Битола загуби од Фуксе со 34-43, па не е баш реално да се очекува реванш. Е. Пелистер во последните четири кола нема ниту една победа, а основната хендикеп граница е поставена на 6.50 голови.
Фуксе во досегашните осум кола, има осум победи и местото во следната фаза му е загарантирано.
Тренерот на Е. Пелистер, Ларс Валтер, најави дека шанса ќе добијат ракометари кои играле помалку периодов и посакува да ја подобрат играта „шест на пет“ бидејќи тимот имал многу лош учинок кога бил со ракометар повеќе.