Тренерите на Ливерпул и на Реал Мадрид, Јирген Клоп и Карло Анчелоти, не калкулираат и со најдобрите играчи со коишто располагаат во моментов ќе истрчаат на „Енфилд“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Клоп одлучи во нападот да игра со триото Салах, Нуњес, Гакпо, откако Холанѓанецот изминатиот викенд постигна гол во дербито против Њукасл (2:0).
Мало изненадување претставува изборот на Бајчетиќ, кој во последно време игра сè подобро за Црвените.
И тренерот на Реал, Карло Анчелоти, не калкулира и на „Енфилд“ ќе настапат најдобрите играчи што Италијанецот ги има на располагање.
Состави:
Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Гомес, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Бајчетиќ, Хендерсон, Нуњес, Салах, Гакпо.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Бензема, Модриќ, Камавинга, Валверде, Винисиус жуниор, Родриго, Ридигер.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не се најде во првиот тим на Наполи против Ајнтрахт и својата шанса ќе ја чека од клупата.
Ајнтрахт: Трап, Јакиќ, Ндика, Тута, Бута, Камада, Сов, Макс, Линдстром, Геце, Коло Муани.
Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Ким, Оливера, Зиелински, Лоботка, Ангуиса, Кварацхелија, Осимен, Лозано.