Ливерпул и Реал Мадрид фантастично го отворија натпреварот на „Енфилд“ и само по 20 минути игра, постигнаа три гола. Црвените поведоа со 2:0, а Кралевите успеаја да се вратат во игра преку Винисиус жуниор.
Ливерпул фуриозно го започна дуелот против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите и само по 14 минути игра, поведе со 2:0.
Уште во третата минута, Дарвин Нуњес со фантастичен потег го совлада Куртоа. Асистент на Уругваецот беше Мохамед Салах, кој 11 минути подоцна се запиша во листата на стрелци.
https://twitter.com/i/status/1628126996210278401
„Асистент“ на Салах му беше голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој катастрофално реагираше, топката го удри во коленото и дојде до Салах, кој немаше никакви проблеми да го искористи подарокот од голманот на Реал.
Кралевите брзо закрепнаа од шокот и во 21-вата минута преку Винисиус жуниор намалија на 2:1. Асистент на Бразилецот беше Карим Бензема.
GOAL! Liverpool 2-1 Real Madrid (Vinicius) #LIVRMA pic.twitter.com/1h1CLNowUa
— The Premier League Club (@TPLCSports) February 21, 2023