Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, кој е прв носител на АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро, синоќа имаше непријатна ситуација бидејќи кога дојде на прагот на победа во првото коло, заврна дожд и мечот не можеше да се доигра.
Во моментот на прекинот, Алкарас против Бразилецот Матеус Алвес (556-ти на АТП листата) имаше водство од 6-4, 5-3, а играа 1 час и 48 минути. Алвес даде неочекувано силен отпор, а мечот ќе продолжи вечерва и би требало да има само еден или два гејма, со што Алкарас би продолжил во обидот за одбрана на титулата.
По силниот дожд, погледнете како изгледаа терените во Рио:
El verdadero #RioOpen pic.twitter.com/cgbjUWA93O
— Danny Miche (@dannymiche) February 22, 2023