Клоп по ланското финале им порача на фановите: Следното финале е во Истанбул? Букирајте хотел! (Видео)

Социјалните мрежи вријат по историскиот пораз на Ливерпул од Реал Мадрид, а на тапет е и тренерот Јирген Клоп, кого фановите го потсетија на ланската храбра изјава кога најави дека Црвените и во 2023 година ќе играат финале на ЛШ.

Лани Ливерпул во финалето во Париз загуби од Реал Мадрид со 0-1, а Германецот оптимистички изјави: „Следното финале е во Истанбул? Резервирајте хотел“.

Синоќа Ливерпул за првпат на свој терен прими пет гола на еден официјален меѓународен меч и стана прв тим во историјата на ЛШ кој имал два гола предност, а на истиот меч загубил со три гола разлика. Како што стојат работите, Ливерпул нема да игра финале во Истанбул, па затоа сега има многу шеги на сметка на Клоп.

- Оглас -

Најнови вести