Екипата на Работнички има нов кошаркар во своите редови. Се работи за Ајзеа Умипиг, кој досега настапуваше во косовскиот тим Пеќ. Најавите се дека Умипиг утре ќе го има првиот тренинг со новите соиграчи и тренерот Димитар Мираковски.
Умипиг доаѓа на местото на Пол Џексон, кој си замина откако не ги оправда очекувањата во тимот од „Градски парк“.
Работнички сезонава беше елиминиран уште во четвртфиналето на Купот на Македонија, а во првенството, по 15 одиграни кола е со биланс од осум победи и седум пораз и моментално е на седмото место на табелата.