Чави откри дека е во постојан контакт со Меси, но не знае дали  Аргентинецот ќе се врати во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, изјави дека со раширени раце ќе го дочека поранешниот соиграч Лионел Меси доколку одлучи да се врати на „Камп ноу“.

Чави и Меси заедно одиграа 399 натпревари и се дел од најуспешната генерација на Барселона, која освои четири титули во Лигата на шампионите.

„Неколку пати реков дека Барселона е негов дом и немам што повеќе да додадам. Лео ми е пријател и постојано комуницираме. Дали ќе се врати во Барселона? Тоа зависи само од него“, изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести