Ливерпул објави супер план за супер иднина

Ливерпул сезонава игра одлично и тоа резултира со лидерска позиција во Премиер лигата. Гигантот од „Енфилд роуд“ речиси три децении чека да се израдува на титула во првенството, а навивачите веруваат дека оваа сезона е време да се стави крај на долгиот пост.

Во овој зимски преоден рок, Ливерпул мирува, но затоа управата на клубот направи долгорочен план кој треба да донесе успеси. Одвоени се 200 милиони фунти, кои во следните неколку години треба да се потрошат за плати на играчи кои се веќе на „Енфилд роуд“.

Планот е да се задржат осуммина клучни играчи кои веќе добија нови договори. Садио Мане, Џордан Хендерсон, Роберто Фирмино, Мохамед Салах, Џо Гомес, Енди Робертсон, Трент Александер-Арнолд и Рајан Брустер. Ова се играчите за кои се планира да бидат „јадрото“ на тимот во следните неколку сезони. Останува во следниот период да видиме дали Ливерпул ќе успее да ги сочува овие играчи, за коишто сигурно ќе стигнат и понуди од други клубови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести