Драма во Монте Карло, Јувентус и Спортинг покажаа сила и карактер

Спортинг Лисабон и Јувентус потфрлија на првите мечеви дома против Митјиланд, односно Нант, но грешката ја поправија вечерва, со сигурни победи на гости, па Португалците и Италијанците одат во осминафиналето на Лигата на Европа.

Спортинг победи во Данска со 4-0, а Јуве во Франција со 3-0, со хет-трик на Анхел ди Марија, кој постигна антологиски гол за 1-0.

Во следната рунда се пласира и Севилја, која вечерва загуби од ПСВ Ајндховен со 0-2, но Андалузијците дома славеа со 3-0.

Во Монте Карло, Монако и Баер Леверкузен ќе играат дополнителни 30 минути. Во Леверкузен, Монако победи со 3-2, а Фармацевтите вечерва вратија со иста мерка, па ќе се играат продолженија. Емболо во 84-тата минута даде гол кој го спаси Монако од елиминација во регуларниот дел.

- Оглас -

Најнови вести