Мечот од Европската лига на УЕФА меѓу ПСВ Ајндховен и Севилја го одбележа еден неочекуван инцидент. ПСВ победи со 1:0, но Севилја помина во следната фаза благодарение на триумфот во првиот меч од 3:0.
При крајот на средбата, кога беше јасно дека ПСВ ќе биде елиминиран, еден исфрустриран навивач на домаќините успеа да втрча на терен и го нападна гостинскиот голман Марко Дмитровиќ. Хулигаот го удри голманот со бокс в лице, а потоа Дмитровиќ успеа да го собори напаѓачот на земја. По средбата, Дмитровиќ раскажа за инцидентот.
„Дојде од зад грб и ме удри. Веројатно беше лут поради резултатот, но и по малку луд. Се обиде да ме удри, но успеав да го совладам и потоа почекав да дојде обезбедувањето. Никогаш не е убаво да се видат вакви работи во фудбалот. Вакви работи не смее да се случуваат и се надевам дека напаѓачот ќе добие соодветна казна“, рече Дмитровиќ.
Sevilla goalkeeper Marko Dmitrovic calmly incapacitates a PSV hooligan who tries to punch him. pic.twitter.com/viwY0EMNSH
— Michael Not Mike 805 (@MichaelNotMike4) February 24, 2023