Неверојатни сцени од Турција: Требаше да им оддадат почит на загинатите во земјотресот, а направија хаос (Видео)

Речиси пред 20 дена, Турција беше погодена од разорен земјотрес, во кој загинаа над 40.000 луѓе, а беа срушени над 10.000 згради во подрачјето кое граничи со Сирија. Во погодените делови уште е хаотично, па затоа во останатите делови од земјата се обидуваат да помогнат на секаков начин.

Екипите на Кочаелиспор и Сакарјаспор решија да одиграат пријателски меч под мотото „Иста боја сме, заедно да ги залечиме раните“, а целиот приход кој ќе биде собран да се донира на оние коишто останаа без своите домови во земјотресот.

Кога на семафорот се појави името на покраината која беше погодена од земјотресот, од сите трибини на стадионот се слушаше скандирање во знак на поддршка. Навивачите на теренот фрлаа и шалови кои ќе бидат подарени на луѓето на кои им треба топла облека.

Вкупно биле продадени 17.500 билети, од кои околу 500 беа навивачи на гостинскиот тим Сакарјаспор. Сепак, да не биде сè добро се погрижија навивачите на трибините. Прво имаше тепачка на трибината каде што беа фановите на гостите, потоа еден навивач на Сакарјаспор втрча на теренот и со шалот ги провоцираше домашните симпатизери.

Дел од навивачите на Кочаелиспор се обидоа да влезат на теренот, па мораше да реагира и полицијата. На крајот дуелот едвај заврши без поголем инцидент, а резултатот беше 2:0 во корист на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести