Арсенал ги избегна најголемите ривали во ждрепката од осминафиналето во Лигата на Европа и за противник го доби Спортинг Лисабон, ривал кој секако е за респект. И вториот англиски тим, Манчестер јунајтед ќе води битка со ривал од Пиринејскиот Полуостров, а тоа е Бетис.
Јувентус ќе се сретне со Фрајбург, а шесткратниот освојувач на Лигата на Европа ќе игра против турскиот претставник Фенербахче, кој исто така има титула во ова натпреварување.
Првите мечеви ќе се играат на 9 март, а реваншите се една недела подоцна, односно на 16 март. Финалето во Лигата на Европа ќе се игра на „Пушкаш арената“ во Будимпешта на 31 мај.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО
Унион Берлин – Унион Саинт-Жилас
Севилја – Фенербахче
Јувентус – Фрајбург
Баер Леверкузен – Ференцварош
Спортинг – Арсенал
Манчестер јунајтед – Бетис
Рома – Реал Сосиедад
Шахтар Донецк – Феенорд