Екс шпански тенисер е сопственик на рекорд кој е недостижен дури и за Ѓоковиќ

Шпанецот Фелисијано Лопес е сопственик на рекорд кој е недостижен за Новак Ѓоковиќ, а експертите сметаат дека во блиска иднина нема да биде соборен и од младите тенисери.

Лопес има неверојатни 79 настапи по ред на гренслем турнирите.

41-годишниот Шпанец кариерата ја заврши минатата година и моментно е директор на мастерсот во Мадрид, професионален стана 1997 година, а првиот гренслем турнир го одигра во 2001 година.

„Очигледно е дека мојот рекорд ќе биде тешко или речиси невозможно да се собори. Тоа се 20 години играње без прекин. Но, мојот рекорд не можеме да го ставиме во ист кош со 22 титули. Со бројките до кои стигнаа Надал, Федерер и Ѓоковиќ, како и тенисот што го играа, одбележаа една ера. Не гледам дека некој во ќе успее да ги достигне рекордите што ги поставија овие тројца тенисери“, изјави Лопес.

- Оглас -

Најнови вести