Клоп: Со или без ЛШ, потребна ми е поддршка од газдите за да направиме ремонт на Ливерпул

Ливерпул сезонава е најголемо разочарување во Премиер лигата, постои шанса да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а менаџерот Јирген Клоп, има решение како клубот да излезе од кризата и бара поддршка од сопствениците.

Клоп смета дека сопствениците на клубот, во претстојниот летен преоден рок, мора да издвојат голема сума на пари за засилувања, без разлика дали Ливерпул ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите или не. Германецот смета дека Луверпул не смее да ја направи грешката од минатото лето, кога беше неактивен на трансфер пазарот.

„Сигурно нема да ни помогне тоа ако не обезбедиме пласман во Лигата на шампионите. Парите секогаш имаат влијание, но не треба да имаат големо влијание. Ова лето мора да бидеме активни на трансфер пазарот. Жалам што не можам да гарантирам дека ќе играме во Лигата на шампионите во овој момент, но ќе се бориме до крај“, вели Клоп.

Дебаклот против Реал Мадрид (2:5) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и тоа на „Енфилд’, ги покажа сите слабости на Ливерпул и поради тоа, Клоп смета дека треба тимот налето да се освежи со неколку нови имиња.

„Мојата работа е да им кажам на сопствениците што ни е потребно. Во ЛШ во последните пет години, дури три пати игравме во финалето, а тоа носи големи пари. Сепак, има клубови кои во последно време трошат многу повеќе и се пред нас“, додава Клоп.

- Оглас -

Најнови вести